Тиквеш со пресврт до победа против Хоризонт Турново (1-2)

Во последниот натпревар од првото пролетно коло во Втората македонска фудбалска лига, Тиквеш славеше на гостувањето против Хоризонт Турново со 1-2 (1-1).

Тиквеш со пресврт стигна до победата благодарение на погодокот на Стојанче Дунимаглоски во 45. минута од средбата. Претходно, домашните дојдоа до водство од 1-0 уште во 10. минута со голот на Валентин Кочоски, а израмни Дуков во 26. минута.

По 15 одиграни натпревари, Тиквеш се уште е на последната позиција од табелата, сега со 10 бода, два помалку од претпоследниот Тетекс, додека Турново остана на шесттата позиција со 19 бода.

Се вчитува...