Тим на годината на УЕФА – Рамос со повеќе гласови од Роналдо и од Меси

Фудбалерот на Реал Мадрид, Серхио Рамос доби најмногу гласови од посетителите на официјалниот сајт на УЕФА, во изборот на тимот на годината. За Рамос гласале 488.908 посетители на сајтот. Зад него во изборот се Роналдо (450.220) и Лионел Меси (418.449).

Во изборот на тимот на годината, најпопуларни се играчите на Реал Мадрид кои добија 24% од гласовите, потоа следува Барселона со 16% а зад нив се Манчестер јунајтед со 6% , Јувентус со 5% и Арсенал со 4%.

Иделаниот тим на УЕФА за 2016 година го сочинуваат: Џанлуиџи Буфон (Јувентус), Џером Боатенг (Баерн), Леонардо Бонучи (Јувентус) Серхио Рамос (Реал Мадрид), Жерар Пике (Барселона), Лука Модриќ (Реал Мадрид), тони Крос (Реал Мадрид), Андреас Иниеста (Барселона), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид).

Во изборот на тимот за 2016 година гласале повеќе од 7 милиони посетители на сајтот на УЕФА од кои речиси половина се од Европа.

Се вчитува...