Тимур Дибиров со седма најдобра асистенција во ЛШ сезонава

Лигата на шампионите заврши славно за македонскиот ракомет, со титула во рацете на ракометарите на Вардар, а периодот по завршувањето на сезоната е идеален за рекапитулар и избор на најдоброто од изминатите девет месеци.

ЕХФ на својот официјален јутјуб канал денеска ја објави топ-листата од 20 најдобри асистенции во Лигата на шампионите, на која се најде место и за Тимур Дибиров. Русинот е седмопласиран на ова рангирање со додавањето до Душебајев на дуелот во Скопје со Целје, додека на врвот се најде Николас Клер од Нант.

Се вчитува...