Титулата на Питсбург во НХЛ ја прославија 650.000 луѓе

[one_third last=”no”]…[/one_third]

Питсбург стана првата екипа во НХЛ – лигата која по речиси 20 години успеа да го одбрани Стенли купот. „Пингвините“ во шестиот натпревар од финалната серија го победија Нешвил со 2-0 и стигнаа до четвртиот триумф (4-2 во победи). А потоа им беше приреден неверојатен пречек. Рекордни 650.000 луѓе излегоа на улиците на Питсбург да ги поздрават шампионите.

Тоа и не би било така чудно, ако се знае дека Питсбург има 305.000 жители. Значи, двојно повеќе фанови на Питсбург, кои пристигнаа и од другите градови, дојдоа да им оддадат почит на хокеарите кои ја одбранија шампионската титула.

Питсбург е првиот тим што успеал да го одбрани трофејот уште од Детроит ред вингс, во 1998 година.

 

Се вчитува...