Тоа би била ракометна „бомба“: Барса тргнува по Палмарсон - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/02/2017 13:42
Меѓ. Фудбал
24/02/2017 13:18
Меѓ. Фудбал
23/02/2017 20:54
Фудбал
23/02/2017 15:31

Тоа би била ракометна „бомба“: Барса тргнува по Палмарсон

Тоа би била ракометна „бомба“: Барса тргнува по Палмарсон

Шпанската радио станица „RAC1“ најави нова „ракометна бомба“, откако обелодени дека Барселона веќе стартувала преговори за ангажман на Арон Палмарсон. Исландскиот репрезентативец важи за еден од најдобрите ракометари на денешницата и не е задоволен од статусот во Веспрем, пред се поради конфликтот што го има со тренерот Сабате. Интерес за услугите на Палмарсон искажа и неговиот поранешен клуб Кил, но според последните информации сега Барселона важи за тимот што е во водство во трката по овој ракометар.

Палмарсон има договор со Веспрем до јуни 2018 година, а Барселона барем засега се интересира да го доведе Исланѓанецот токму од јули 2018, како слободен играч. Сепак, не се исклучува можноста тој и порано да му се приклучи на каталонскиот гигант доколку биде постигнат договор околу отштетата со Веспрем.

Барса во изминатиот преоден рок доведе неколку млади играчи на бековските позиции, а со евентуален ангажман на Палмарсон каталонците повторно би составиле тим што би се вбројувал меѓу главните фаворити за освојување на титулата во Лигата на шампионите.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.