Тодороски: Да го носиш дресот на Вардар – непроценливо чувство

Вардар ја совлада Ренова со 2-1 и се врати во победнички ритам во македонското првенство, а на сцената се појави ново младо лице, Тодор Тодороски. Тој во второто полувреме го замени Хамбарџумјан, кој се здоби со мала повреда, а имаше и жолт картон, и нсеомнено ја оправда довербата од тренерот Чедомир Јаневски. Вели дека е непроценливо да се носи дресот на Вардар, и среќен е што шефот на стручниот штаб искажа убави зборови за него.

„Благодарност до стручниот штаб за укажаната доверба. Јас на теренот дадов се од себе да се претставам во најдобро светло. На крајот сум среќен што тимот успеа да дојде до трите бода, што е најважно на секој натпревар. Се надевам дека во иднина ќе добивам уште шанси за настап. Прекрасно е чувството кога се игра за првиот тим на Вардар и кога се победува. Убаво е да се слушнат убави зборови од својот тренер, и тие зборови многу ми значат. Благодарност за кажаното од нашиот шеф на стручниот штаб, а таа изјава ми дава дополнителен мотив да се докажувам уште повеќе, и да ја оправдувам довербата понатаму. За мене како млад играч е да се докажувам и да покажам дека заслужувам да бидам дел од Вардар“, вели младиот десен бек на „црвено-црните“, Тодор Тодороски, за официјалниот сајт на клубот.

Вардар в недела гостува под „Тумбе кафе“ и ќе ги одмери силите со вечниот ривал Пелистер, во рамките на седмото коло од шампионатот.

Фото: www.fkvardar.mk

Се вчитува...