Тодоров: Ова не беше вистинскиот МЗТ... Србиновски: Изгубивме концентрација во завршницата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 21:29
Кошарка
19/11/2017 20:35
Фудбал
19/11/2017 19:59
Фудбал
19/11/2017 19:09

Тодоров: Ова не беше вистинскиот МЗТ… Србиновски: Изгубивме концентрација во завршницата

Тодоров: Ова не беше вистинскиот МЗТ… Србиновски: Изгубивме концентрација во завршницата

Иако МЗТ триумфираше против екипата на Гостивар, тренерот Ацо Тодоров смета дека неговите кошаркари не одиграа на посакуваното ниво. Сето тоа е резултат на уморот кој се чувствува во редовите на македонскиот шампион, но предводникот на „металците“ смета дека против Будуќност ќе се игра со поголема мотивација за победа.

„Ова ни беше трет натпревар во последните пет дена, уморот во нашиот состав беше очигледен. Мотивацијата ни беше едно скалило подолу, наспроти мечот кој го одигравме во Куманово. Иако победивме ова не е вистинската сила на МЗТ, сепак, ова ни беше добра подготовка за дуелот со Будуќност. Имаме само еден ден да одмориме, но сигурен сум дека нашиот настап против црногорскиот тим ќе биде на многу повисоко ниво“, истакна Тодоров.

KK Gostivar sliki (26)

Тренерот на Гостивар, Марјан Србиновски вели дека неговата екипа го даде својот максимум против македонскиот шампион МЗТ, но падот на концентрацијата во последните минути од средбата се покажа како одлучувачки фактор за поразот.

„Очекувавме дека ќе биде тврд натпревар, моите играчи беа решени да се борат до самиот крај. Речиси целиот меч бевме егал, резултатски се враќавме во неколку наврати, сепак на две минути до крајот концентрацијата ни падна. Но, можам да извлечам неколку позитивни работи од мечот, успеавме да корегираме неколку сегменти од минатиот натпревар. Треба да се земе во предвид и дека се справуваме со повреди на неколку играчи, Зеќири денес одигра далеку од неговото ниво бидејќи паузираше неколку денови, но не бараме алиби, го дадовме нашиот максимум. Треба што побрзо да го заборавиме овој натпревар и да се концентрираме на следниот, а тоа е дуелот со Работнички кој се игра следниот викенд во Гостивар“, изјави Србиновски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.