Тодоров: Самите се доведовме во оваа ситуација, самите ќе се извлечеме - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 14:58
Кошарка
19/11/2017 12:33
Ракомет
18/11/2017 19:25
Ракомет
18/11/2017 18:59

Тодоров: Самите се доведовме во оваа ситуација, самите ќе се извлечеме

Тодоров: Самите се доведовме во оваа ситуација, самите ќе се извлечеме

Очајното прво полувреме беше причина за најновиот домашен пораз на МЗТ Скопје, па јасно е дека тренерот Александар Тодоров има сериозни причини за загриженост, откако неговиот тим остана закован на последното место на табелата во АБА-лигата.

„Уште еднаш покажавме дека не може да играме 30 минути млака кошарка, а потоа да се обидеме за десет минути да стигаме, како што беше случај и на неколку средби во домашното првенство. Загубивме од директен конкурент за опстанок, но самите се доведовме во оваа ситуација и самите ќе се извлечеме. Можам да бидам задоволен само од оние први пет минути во четвртата четвртина, јасно е дека ни претстои многу работа“ – изјави Тодоров на прес-конференцијата по најновиот пораз на МЗТ Скопје во АБА-лигата.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.