Тодоров: Целиот проблем на МЗТ е во одбраната... Даскаловски: Честитки за борбеноста на моите момци - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
18/11/2017 19:25
Ракомет
18/11/2017 18:59
Ракомет
18/11/2017 15:36
Кошарка
18/11/2017 9:26

Тодоров: Целиот проблем на МЗТ е во одбраната… Даскаловски: Честитки за борбеноста на моите момци

Тодоров: Целиот проблем на МЗТ е во одбраната… Даскаловски: Честитки за борбеноста на моите момци

Тренерот на МЗТ Скопје,  Ацо Тодоров смета дека неговите кошаркари не покажаа доволно желба за победа. Стратегот на аеродромци потенцираше дека лошата одбрана е одраз за денешниот пораз, особено што немаа одговор за реализацијата на Соколи од линија за три поени.

„Не само што прикажавме лоша игра, туку прикажавме и индолентна игра, без никаква желба за победа. Натпреварот го изгубивме уште во првото полувреме, особено во последните пет минути од втората четвртина. Немавме решение за нивните високи играчи кои погодуваа шутеви од линијата за три поени, Соколи имаа дури 50% успешна реализација во првите два периоди.  Знаевме дека тоа ќе биде најголем проблем. Во второто полувреме сe што се случуваше на теренот беше брканица. Имавме шанса за победа, во кошарката се случува и тимот кој губи на цел меч да победи со шут во последна секунда. Не велам дека ќе беше незаслужено да победевме, но треба да се земе во предвид дека Соколи имаа предност речиси во текот целата средба. Во 90% од случаевите екипа која постигнува по минимум 80 поени по натпревар очекувано е да победи, но не и ние. Така беше и со Задар, истото се случи и со Цибона во претсезонската контролка“, истакна Тодоров.

kkmzt-kksokoli-12.10 (36)

Тренерот на Карпош соколи,  Борче Даскаловски е задоволен што неговите кошаркари покажаа цврстина и борбеност за да го совладаат македонскиот шампион МЗТ. Го радува што неговиот тим беше доследен на задачата, знаејќи дека мечот беше исклучително тежок, и покрај тоа што скоро еден месец не одиграа официјален натпревар.

„Им честитам на моите играчи за борбеноста и пожртвуваноста која ја покажаа на теренот. Очекувавме мечот да биде доста тежок, сепак одигравме според договореното. Имаше и моменти кога можевме да капитулираме, го оставивме противникот да дојде до егал ситуација. Лошо е што правиме банални грешки кои не доведуваат во такви ситуации, така беше и со Калев на првата средба, тоа е недозволиво против вакви квалитетни екипи. Но, тоа е одраз што сме кратко време заедно како тим, но и фактот дека не одигравме никаков официјален натпревар речиси еден месец. Во секој случај, добро е што успеавме да триумфираме“, вели Даскаловски.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.