Томи Хас му кажа збогум на тенисот

Томи Хас и официјално му кажа збогум на активното играње тенис, одлука што германскиот ас ја обелодени по полуфиналниот дуел од Мастерс-турнирот меѓу Роџер Федерер и Хјеон Чунг, што неговиот добар пријател Федерер го доби со 2-0 во сетови.

„Мислам дека ова е перфектен начин да кажам збогум. Минав прекрасни моменти на терените, но сега ќе се соочувам со поинакви предизвици“ – изјави 39-годишниот Хас, кој воедно е и директор на турнирот во Индијан Велс.

Томи Хас својата последна позначајна победа ја забележа лани на турнирот во Штутгарт, кога го зеде скалпот на Роџер Федерер, совладувајќи го својот пријател со 2-6, 7-6, 6-4. Најдобар ранкинг во кариерата на легендарниот германски тенисер е второто место на кое се искачи во мај 2002 година, а Хас му кажа збогум на тенисот со 569 победи зад своето име.

Се вчитува...