Томовски: Цврстата одбрана ни донесе победа

Мартин Томовски беше јунакот на Металург  во победата против ППД Загреб со 25-22 во натпреварот од регионалната СЕХА лига.  19-годишниот голман на „металурзи“ запиша 15 одбрани, фати неколку „зицери“ и беше на вистинското место кога Металург градеше предност за победа.

Според Томовски, клучно за победата не Металург е добрата игра во одбраната.

„Лошо почнавме, имавме многу грешки во првиот дел. Но, потоа се консолидиравме, ја зацврстивме одбраната и дојдовме до лесни голови, направивме разлика и успеавме да ја задржиме до крај“– истакна Томовски по натпреварот.

Се вчитува...