Томпсон го реши Орландо, шампионот лесно со Јута

Фаворитите забележаа рутински победи на синоќешните натпревари во НБА-лигата откако и Голден стејт и Кливленд без поголеми проблеми ги добија своите мечеви, останувајќи на врвот на своите Конференции.Клеј Томпсон беше најзаслужен за триумфот на Голден стејт на Орландо, откако извонредниот шутер само во првата четвртина постигна 21 поен. На крајот тој го заврши натпреварот со 29 поени, четири повеќе од Стеф Кари.Кливленд беше подобар од Јута, славејќи со 91-83 во меч во кој Леброн Џејмс повторно одигра на висина на задачата, реализирајќи 33 поени и 10 скока. Огромен плус за актуелниот шампион е враќањето по повредата на Кевин Лав, кој повторно ќе биде со тимот во клучниот дел од сезоната.Расел Вестбрук одигра уште еден одличен натпревар, предводејќи го тимот на Оклахома сити до триумф на гостувањето против Торонто. Експлозивниот плејмејкер го заврши мечот со 24 поени, 16 асистенции и 10 скокови, за својот 34. трипл-дабл во оваа натпреварувачка сезона.До трипл-дабл на синоќешниите дуели стигна Никола Јокиќ, кој учествуваше со 17 поени, 14 скока и 11 асистенции во победата на Денвер над ЛА клиперс, како и Марк Гасол, кој стигна до своето второ вакво остварување сезонава при победата на Мемфис во Атланта со 18 поени, 10 скока и 10 асистенции. Резултати НБА:Кливленд – Јута 91-83, Голден стејт – Орландо 122-92, Денвер – ЛАклиперс 129-114, Атланта – Мемфис 91-103, Њујорк – Бруклин 110-121, Торонто – Оклахома сити 102-123.

Се вчитува...