Топ 10 најскапи трансфери на сите времиња – Нејмар ќе го турне Погба

Во исчекување на мега-трансферот на Нејмар во ПСЖ вреден 222 милиони евра, на импресивната листа на топ 10 најскапи ангажмани на сите времиња , најмногу ги има реализирано Реал Мадрид. Сепак, на врвот веќе една година е трансферот на Пол Погба од Јувентус во Манчестер јунајтед.

Јунајтед покрај Погба може да се пофали и со најскапиот млад фудбалер во светот. Антони Марсијал имаше само 19 години кога пристигна на „Олд трафорд“ од Монако, за сума од 50 милиони евра.

Давид Луиз е убедливо највредниот централен дефанзивец во светот, неговиот трансфер од Челси во ПСЖ стигна до вредноста од 62.5 милиони евра.

Џанлуиџи Буфон веќе 16 години е најскапиот чувар на мрежата. Неговиот ангажман од Парма во Јувентус вредеше 52 милиони евра.

Надвор од Европа, Шангај Шенхуа исплати 60 милиони евра на Челси за услугите на Оскар.

ДЕСЕТТЕ НАЈГОЛЕМИ ТРАНСФЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА

1. Пол Погба од Јувентус во Манчестер јунајтед – 105 милиони евра

2. Герет Бејл од Тотенхем во Реал Мадрид – 101 милиони евра

3. Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед во Реал Мадрид – 94 милиони евра

4. Гонзало Игуаин од Наполи во Јувентус – 90 милиони евра

5. Нејмар Жуниор од Сантос во Барселона – 86 милиони евра

6. Ромелу Лукаку од Евертон во Манчестер јунајтед – 85 милиони евра

7. Луис Суарез од Ливерпул во Барселона – 82 милиони евра

8. Хамес Родригез од Монако во Реал Мадрид – 80 милиони евра

9. Алваро Мората  од Реал Мадрид во Челси – 79 милиони евра

10. Зинедин Зидан од Јувентус во Реал Мадрид – 77 милиони евра

Се вчитува...