Торес: Им должам многу на фановите на Челси - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
13/12/2017 14:50
Меѓ. Фудбал
13/12/2017 14:42
Кошарка
12/12/2017 22:01
Ракомет
12/12/2017 17:39

Торес: Им должам многу на фановите на Челси

Фернандо Торес е цврсто решен во новата сезона конечно да почне да ја оправдува сумата од 50 милиони фунти што челниците на Челси му ја платија на Ливерпул за неговите услуги. Шпанецот една и пол сезона се наоѓаше далеку од посакуваната форма и беше предмет на потсмев од страна на јавноста, но по напорно одработените подготовки, Торес сега е подготвен да го покаже своето вистинско лице. Одличниот голгетер е свесен дека мора да прикажува далеку подобри игри и дека токму тоа е единствениот начин да им се оддолжи на навивачите на Челси за поддршката што му ја даваа во изминатиот период. 
 
Знам што се очекуваше од мене по трансферот од Ливерпул и свесен сум дека воопшто не ги исполнив очекувањата. Сепак, навивачите на Челси секогаш беа фантастични кон мене, ми даваа поддршка и кога ми беше најтешко. Токму тоа ми е мотив годинава да одиграм најдобро што знам, свесен сум дека им должам многу и мислам дека дојде време да го отплатам тој долг. Чест ми е што играм за овој клуб и за овие напаѓачи, во Англија работите се многу поинакви. Ако настапував во Шпанија, по таква црна серија сигурно ќе добивав свирежи од своите навивачи, во Англија тоа едноставно не може да се случи“ – истакна Торес. 
 
Шпанецот лани успеа да се закити со титулата европски шампион со лондонскиот клуб, но жали што немаше преголем придонес во освојувањето на тој трофеј. 
 
Станав европски шампион, но која е мојата заслуга во тој трофеј. Сакам да ја освојам Лигата на шампионите на поинаков начин, да имам свој придонес. Сметам дека тоа ќе биде најдобар начин да им се оддолжам на фановите, со нова титула во Лигата на шампионите“ – порача Торес. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.