Торонто подобар од Сан Антонио, Вашингтон без проблеми во Детроит

Кошаркарите на Торонто по голема борба славеа против Сан Антонио на домашен паркет со 86-83, во еден од синоќешните дуели во НБА лигата.

Кајли Ловри и ДеМар ДеРозан ја носеа играта на Торонто, со 24 односно 21 постигнат поен. На спротивната страна ЛаМаркус Олдриџ броеше до 17.

Мајами по одличното прво полувреме против Бруклин, ја прокоцка потоа својата предност и на крајот запиша пораз од 95-101.

Кај Бруклин најефикасен беше ДеМаре Керол со 26 поени, додека кај Маками, Вајтсајд постигна 22 поени, дополнети со 13 скока.

Вашингтон успеа да дојде до победа на гостувањето против Детроит со 112-122.

За Вашингтон најдобар поединец беше Дредли Бил со 26 поени, додека Џон Вол имаше 16 поени и 11 асистенции. Кај поразениот Детроит најефикасен беше Тобиас Харис со 17 поени.

Мемфис дури во второто полувреме успеа да го скрши отпорот на Сакраменто и на крајот да дојде до победа од 106-88. До триумфот беа предводени од Дилон Брукс со 22 поени, додека кај Сакраменто, Богдан Богдановиќ постигна 15 поени.

Денвер во својот „Пепси центар“ го пречека Феникс кој славеше со 100-108. Девин Букер и Ти-џеј Ворен постигнаа по 25 односно 30 поени за Феникс, додека на спротивната страна Никола Јокиќ имаше 14 поени и 17 скока.

ЛА Лејкерс славеа против Индијана со 99-86, додека Њујорк славеше на гостувањето против Јута во неизвесен меч со 115-117.

Се вчитува...