Тотален фудбал и триумф на Ливерпул против Лестер

Ливерпул оствари важна победа на гости (2-3) против Лестер во прекрасниот натпревар што го понудија фудбалерите на двете екипи на стадионот „Кинг Пауер“.

„Црвените“ поведоа со 0-2, со головите на Салах и на Кутињо, но Оказаки ја затресе и спротивната мрежа непосредно пред одморот.

Во вториот дел, стрелаше Хендерсон, веднаш возврати и Џејми Варди, кој потоа не реализира пенал. Симон Мињоле го одбрани неговиот удар од белата точка, што беше и пресудно за Ливерпул да ги освои трите бода.

All Goals & Highlights HD – Leicester 2-3… by FoxSportsEN

Се вчитува...