Тотенхем го претстави рекордното засилување, Давидсон Санчез!

Тотенхем го официјализираше трансферот на дефанзивецот од Ајакс, Давидсон Санчез, за сума од 42 милиони фунти, што претставува нов клупски рекорд. 21-годишниот дефанзивец потпиша шестгодишен договор со „петлите“.

Претходниот рекорден трансфер припаѓаше на Муса Сисоко, кој пристигна минатото лето за сума од 30 милиони фунти, од редовите на Њукасл. Санчез е второто засилување на Тотенхем, откако тимот од Лондон вчера го откупи вториот голман на Саутемптон, Пол Газанига.

„Пресреќен сум што сум тука бидејќи Тотенхем е голем клуб, не само во Англија, туку и во Европа. Ова огромен чекор во мојата кариера, ќе дадам се од себе да продолжам да се развивам како фудбалер и да остварам големи достигнувања со овој клуб“, истакна Санчез.

Младиот колумбиски дефанзивец одигра само една сезона во дресот на Ајакс. Санчез по пристигнувањето во Холандија потпиша петгодишен договор со клубот од Амстердам, но неговите добри партии не останаа незабележани, па сега повторно се сели во нова средина по само една година. Одигра вкупно 46 натпревари за Ајакс, вклучувајќи го и финалето во Европа лигата против Манчестер јунајтед.

Се вчитува...