Тотенхем елиминиран од Гент, шок и за Фиорентина

Белгискиот Гент, тимот што преку Шкендија влезе во групната фаза од Лигата на Европа, успеа да стигне и до осминафиналето, и тоа елиминирајќи го англискиот премиерлигаш Тотенхем. По триумфот од 1-0 на домашен терен, Гент вечерва одигра 2-2 на „Вајт Харт Лејн“ и успеа да го продолжи настапот во ова европско натпреварување.

Ериксен го отвори резултатот, но Кејн си постигна автогол во 20.минута. Тотенхем остана со играч помалку во 40.минута, кога Деле Али заработи црвен картон. Ванјама повторно го донесе Тотенхем во водство, но израмни Пербет.

All Goals & highlights – Tottenham 2-2 Gent… by mohtv

Фиорентина имаше водство од 0-1 против Борусија Менхенгладбах од првиот меч во Германија, но загуби со 2-4 во Фиренца и доживеа непријатна елиминација. Калиниќ и Борха Валеро донесоа водство од 2-0 за Фиорентина, но потоа италијанскиот тим прими неверојатни четири погодоци. Штиндл постигна хет – трик, а Кристенсен беше стрелец на четвртиот погодок за германскиот претставник.

All Goals HD – Fiorentina 2 – 4 Borussia M… by Live1Goals

Лион на убедлив начин се пласира во следната рунда, до врв полнејќи ја мрежата на АЗ Алкмар. Францускиот тим славеше со 7-1, а Фекир постигна хет – трик.

All Goals & Highlights HD – Lyon 7-1 AZ Alkmaar… by Jek09Pre

Единствен дуел на кој ќе се играат продолженија е натпреварот Шахтјор Доњецк – Селта. Украинскиот тим имаше предност (0-1) од првиот меч во Шпанија, но Селта од пенал во 90.минута успеа исто така да дојде до 0-1 на ова гостување.

Резултати Лига Европа: ФК Копенхаген – Лудогорец 0-0, Фиорентина – Борусија М. 2-4, Генк – Астра 1-0, Лион – АЗ Алкмар 7-1, Шахтјор Доњецк – Селта 0-1, Спарта Прага – Ростов 1-1, Тотенхем – Гент 2-2.

Се вчитува...