Тотенхем ги откачи „кралевите“: Деле Али не е на продажба

Англискиот премиерлигаш Тотенхем нема намера да се раздели од својата млада ѕвезда Деле Али во летниот преоден рок. Тоа јасно им е ставено до знаење на раководните луѓе на Реал Мадрид, откако медиумите на Островот објавија дека „кралскиот клуб“ сака да го ангажира одличниот играч за врска на „спарси“ по завршувањето на оваа сезона. За ваков трансфер Реал Мадрид е подготвен да плати околу 60 милиони евра.

Сепак, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, категорично ја отфрли можноста за продажба на Деле Али, без разлика на евентуалната понуда.

Претходно, Лука Модриќ и Герет Бејл од Тотенхем се преселија на „Сантијаго Бернабеу“, па јасно е дека двата клуба имаат добри меѓусебни релации.

Се вчитува...