Тотенхем сака да го позајми Гаитан од Атлетико Мадрид

Англискиот премиерлигаш Тотенхем сака да го добие аргентинскиот интернационалец Нико Гаитан на позајмица до крајот на сезоната. Тој не добива голема минутажа во редовите на Атлетико Мадрид, откако пристигна минатото лето од Бенфика, а менаџерот на „спарси“, Маурицио Покетино смета дека би бил од голема помош за неговиот тим во битката за шампионската титула во Премиер – лигата.

Гаитан досега одигра само 663 минути во дресот на Атлетико Мадрид на 15 натпревари, воглавно сите како резервен играч кој влегува од клупата, а тоа сигурно не ги задоволува неговите апетити. Во Тотенхем му гарантираат дека би играл многу повеќе, па останува да се види дали Аргентинецот ќе се одлучи да се пресели во Премиер – лигата во наредните шест месеци.

Се вчитува...