Тоти тоа го правеше најдобро – Топ 10 голови и асистенции (ВИДЕО)

Во пресрет на последниот натпревар во дресот на Рома, се присетуваме на најдобрите погодоци и асистенции на Франческо Тоти. Италијанецот беше страв и трепет за противниците, постигнуваше феноменални голови од сите позиции, слободните удари му беа како појадок, а неверојатните додавања ја оставаа публиката во неверување.

Тоти е единствениот италијански фудбалер за кој и тифозите на ривалите покажуваа максимален респект, за се’ што направи за Рома,  а и за Италија. Денеска против Џенова тој ќе се прости од дресот на „волчицата“, и можеби на заминување ќе направи уште некое ремек – дело…

https://www.youtube.com/watch?v=WtDSJykEhjchttps://www.youtube.com/watch?v=sYBXwPEYFOQ

Се вчитува...