Од традицијата нема бегање, ниту кога си на околу 2.000 километри од Македонија. Еден од традиционалните ритуали за време на настапите на нашите ракометари на големите натпреварувања е одбележувањето и на Водици, со фрлање на „крстот“ за кој се „борат“ членовите на „фалангата“.
Овојпат собирот се одржа во Православната црква во Мец, а крстот заврши во рацете на Мики Поповски, кој е редовен посетител на сите настапи на нашиот национален тим на големите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА