Традиционалистите на Светски куп во Србија

Македонската репрезентација во традиционално карате од денеска па до недела ќе учествува на Светскиот клубски карате куп и меѓународниот турнир „Црвена Звезда 2018“ за сениори, јуниори, кадети и деца во Белград, Србија.

Како што информираат од Македнската федерација за традиционално карате, нашата репрезентација во Белград ќе настапи во следниот состав: Дејан Недев, Јадранка Недева, Емилија Јанчевска, Димитри Влахо, Иван Трпковски, Димитар Витанов и Мила Младеновска.

Се вчитува...