Трагедија во Хрватска: Почина футсал ѕвезда на сред натпревар

Познатиот хрватски футсал репрезентативец и еден од основачите на футсал клубот Динамо, Мате Чуљак почина во 42-та година од животот откако синоќа се сруши на сред натпревар.

Во рамките на 38-от зимски „Магма Пан куп“ во Вараждин, на Чуљак му се слошило за време на дуелот на Худек Трготранс, екипа за која настапувал, против Биликум.

Лекарите присутни на мечот брзо реагирале, па 42-годишниот Чуљак итно е префрлен во Општата болница во Вараждин, а турнирот веднаш бил прекинат. Но, за жал, по краток период, како што информираат хрватските медиуми, Чуљак почина во Општата болница во Вараждин и покрај напорите на дежурните лекари да му го спасат животот.

Се вчитува...