Трајчевски: Работнички оди во Тетово да ја завери Европа

Капитенот на Работнички, Душко Трајчевски, најавува дека „романтичарите“ в недела ќе се обидат да го заверат пласманот во Европа, на гостувањето против второпласираната Шкендија. Избраниците на Виктор Треневски ќе се обидат да го искористат негативниот психолошки момент во редовите на Шкендија, со оглед дека овој тим вчера го загуби финалето на Купот од Пелистер.

„Повредата е минато, се вратив во полн тренажен процес и подготвен сум за кам-бек. Не очекува дуел со Шкендија во Тетово, го респектираме ривалот, но и ќе се обидеме да го искористиме овој негативен психолошки момент за нив, со оглед дека го загубија и финалето на Купот против Пелистер. Сепак, ние си гледаме во нашиот двор, на чекор сме до исполнување на целта, обезбедување на пласман во Европа и следната сезона и ќе сториме се за да останеме непоразени на неделниот дуел против Шкендија“, изјави капитенот Душко Трајчевски, за официјалниот сајт на Работнички.

Се вчитува...