Трајковски ’лови’ четврти гол во низа: Ќе ги има ли и Норвежаните во својот список? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 21:29
Кошарка
19/11/2017 20:35
Фудбал
19/11/2017 19:59
Фудбал
19/11/2017 19:09

Трајковски ’лови’ четврти гол во низа: Ќе ги има ли и Норвежаните во својот список?

Трајковски ’лови’ четврти гол во низа: Ќе ги има ли и Норвежаните во својот список?

Погоди од пенал против Албанија во Струмица, и тоа на својот роденден. Потоа ги „поздрави“ и Џанлуиџи Буфон и италијанската одбрана во Торино, а постигна гол и во убедливиот триумф (4-0) против Лихтенштајн. Напаѓачот на Палермо, Александар Трајковски, вечерва (18.30 часот) на пријателскиот натпревар против Норвешка ’лови’ четврти гол во низа во националниот тим. Тоа досега му нема успеано на ниту еден наш фудбалер во историјата. Но, за него тоа не е пресудно, туку Македонија да продолжи со добрите игри и позитивните резултати.

„Посакуваме да оствариме позитивен резултат. Зошто да не ја совладаме Норвешка за крај на оваа 2017 година?! Беше успешна за националниот тим, остваривме неколку навистина одлични резултати. Посакуваме да продолжиме во ист стил, мотивирани сме максимално за тоа. Што се однесува до головите, верувам дека ќе играме повторно офанзивно, и дека ќе се тресе противничката мрежа. Доколку ми се укаже шанса, секако дека ќе се потрудам максимално да ја погодам целта. Но, многу поважно е Македонија да победува“, истакнува напаѓачот на Палермо, Александар Трајковски.

„Црвено-жолтите“ се подготвени за новиот тест. Норвешка е квалитетна селекција и нов голем предизвик. Натпреварот е од пријателска природа, но тоа не значи и дека резултатот нема да биде значаен. Оваа нова генерација сака да победува на секој нареден меч. Љубителите на фудбалот треба тоа да го препознаат и да дојдат да ги поддржат на арената „Филип Втори“.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.