Трајковски: Пехарот е за прошка од навивачите за досегашните разочарувања

Бојан Трајковски со 18 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје при вечерашната победа (76-67), а крилниот центар по големото финале не го криеше задоволството од првиот освоен трофеј во дресот на аеродромци. Тој победата им ја посвети на навивачите, како начин за оддолжување за бројните разочарувања во текот на АБА-лигата.

„Со оваа победа оставаме зад нас еден тежок период. Денеска е голем верски празник и затоа сакам со овој трофеј да побараме прошка од навивачите, за сите лоши игри досега. Вртиме нова страница, го освоивме посакуваниот трофеј во Купот иако дојдовме како аутсајдери по слабите игри во последно време. Знаете како велат – јунаците на мака се познаваат, верувам дека оваа позитивна работа ќе го краси нашиот тим и во остатокот од сезоната“ – истакна Трајковски.

Се вчитува...