Трајковски во репрезентацијата е „невозможна мисија“

Проблемите на селекторот Јорданчо Давитков околу составот на македонската репрезентација за претстојните претквалификации се зголемија откако Бојан Трајковски пристигна повреден на денешниот тренинг. Селекторот говореше за повредата на крилниот центар и на воведната прес-конференција, но последните информации околу здравствената состојба на Трајковски не се оптимистички за нашиот национален тим.

Бојан Трајковски дојде на денешниот тренинг. Тој има проблем со тетивата и препорачано му е да одмора најмалку 30 дена. Во текот на следната седмица би требало да го прегледа и лекарот на репрезентацијата, но јасно е дека прогнозите воопшто не се позитивни за нас. Во моментов шансите за негов настап против Косово и Естонија се минимални“ – истакна Давитков за ЕКИПА.

Со неиграњето на Трајковски уште поголема станува „дупката“ во битката под обрачите, во која според последните информации значителна помош би требало да стигне од Ѓорѓи Чековски. Директорот Тодор Гечевски на првиот собир најави дека очекува членот на Работнички да му помогне на националниот тим, а последните информации велат дека Чековски би можел веќе во следната седмица да се приклучи на тренинзите на националниот тим.

Се вчитува...