Трансфер од 100 милиони евра: Облак во ПСЖ, а Пасторе, Трап и пари за Атлетико Мадрид?!

Францускиот гигант Пари Сен Жермен е еден од финансиски најмоќните клубови во светот, па оттаму и секојдневно се појавуваат нови информации за можни засилувања за „светците“ во зимскиот преоден рок. Јасно е дека ПСЖ сака да купи нов голман, а битката се води меѓу Џанлуиџи Донарума и Јан Облак.

Шпанските медиуми откриваат дека раководството на ПСЖ подготвило понуда за купување на словенечкиот репрезентативец Јан Облак. Тој има договор со Атлетико Мадрид до 2021 година и отштетна клаузула од 100 милиони евра, а Пари Сен Жермен сака во зделката да вклучи уште двајца свои фудбалери.

Парискиот клуб е подготвен да ги испрати голманот Кевин Трап и аргентинскиот интернационалец Хавиер Пасторе како дел од пакетот за трансферот на Јан Облак, и останатиот дел да го покрие со сума од околу 65 милиони евра. Сега на потег се Атлетико Мадрид и тренерот Диего Симеоне…

Се вчитува...