Трансфер од 92 милиони евра – Икарди пристигнува во Реал?

Мауро Икарди е пик број еден на Реал Мадрид во декемврискиот преоден рок. Разочарувачката игра на Карим Бензема само ја забрза постапката за ангажирање на нов напаѓач.

Шпанскиот новинар Пипи Естрада откри дека Икарди ќе биде новата ѕвезда на Реал Мадрид и дека кралскиот клуб веќе го договорил трансферот од 92 милиони евра. Во ексклузивната објава на програмата Ел Чиринквито, Естрада тврди дека Реал ќе му исплати 80 милиони евра на Интер во јануари, а преостанатите 12 милиони ќе бидат наплатени преку бонуси. Икарди во Реал Мадрид би требало да заработува девет милиони евра годишно, а ќе добива и 30 проценти од маркетинг прават на својот лик.

Сезонава 24-годишниот Икарди постигна 16 гола на 15 натпревари и е еден од најзаслужните за лидерската позиција на Интер во Серија А. Аргентинскиот фудбалер во Интер е од 2013 година.

Според информациите од Шпанија, Икарди на 26 декември треба да се јави на лекарските прегледи во Мадрид.

Се вчитува...