Требаат нови „штркови“ за МЗТ да полета (фотогалерија)

МЗТ Скопје претрпе уште еден пораз на дуел пред своите гледачи, во салата што без „Фемили Аеродром“ на трибините воопшто не е „страшна“ за противниците.

Повторно „металците“ беа близу до победа, но немаа сили и фокус кога беше најважно. Бидејќи во АБА-лигата поголемиот дел од средбите ќе се решаваат токму тогаш, а овој тим на МЗТ Скопје нема искуство за почесто да ги добива ваквите натпревари, неопходно е освежување во играчкиот кадар, за подобар напад, но и далеку поцврста одбрана.

Тоа на прес-конференцијата го најави и тренерот Тодоров, кој е свесен дека за МЗТ да полета над Јадранот неопходни ќе бидат нови „штркови“, со многу повисоки квалитети од оние на сегашните странци. Тодоров ги најави за следните петнаесетина дена, а со оглед на фактот дека на претстојното гостување против Црвена звезда поразот е „однапред запишан“, јасно е дека „металците“ ќе атакуваат на третата победа на следниот домашен терен, против Мега Бемакс, дуел за кој би требало да бидат и значително засилени во играчкиот кадар.

[new_royalslider id=”822″]

Се вчитува...