Трефилов во негов стил – Сега ќе одам да работам како портир!

Женската ракометна репрезентација на Русија беше елиминирана од Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство што се одржува во Германија. Олимписките шампионки на овој меч се прикажаа во лошо издание и беа немоќни во дуелот со Норвежанките. А, тоа го налути селекторот Евген Трефилов.

„Она што го игравме не беше игра, за тоа се работи целиот живот. Кога играчот ќе помисли дека знае се – тој е мртов. Денеска ги видовме вистински мајстори на спортот. На Олимпијадата ги победивме, но сега на СП беше друга песна. Тие играа, а ние не правме ништо. Овие ракометарки треба помалку да мислат како се облекуваат, а повеќе како да се борат. Првата цел беше да ја сопреме Нора Мерк. Пред неа стоеше ѕвездата на теренот Макеева. Но, Мерк трчаше, а Ксенија ја гледаше. Тоа е се. Зборував, зборував, а на тетренот немаше ништо. Зошто? “ – сумираше рускиот селектор.

Контраверзниот Трефилов во свој стил одговори на прашањето што после разочарувачкиот пораз на Русија.

„Ќе одам да работам како портир! Сепак  – не. Мене ќе ме осудуваат, ќе ме осудуваат, но јас не го менувам патот. Ќе работам со истрошена репрезентација, но сеедно…“

Трефилов го заслужи својот дел од критиките, но за негова смена од кормилото на руската репрезенатција не станува збор.

Ја почитуваме секоја конструктивна критика. Ќе го критикуваме Трефилов, не велам дека немаше грешки, но во моментов ние немаме друг таков тренер што ќе седне на клупата“ – изјави претседателот на Ракометната федерација на Русија, Сергеј Шишкарев.

Се вчитува...