Тренерите избраа: Штербик и Раул во тимот на сезоната во ЛШ

Тренерите на тимовите-учесници во Лигата на шампионите ги избраа најдобрите за минатата сезона, во која сосема очекувано се најде место за двајца „вардарци“. Раул Гонзалес оправдано беше избран за најдобар тренер во елитното европско натпреварување, додека Арпад Штербик е најдобар голман во ЛШ минатата сезона, откако претходно беше избран и за МВП на фајналфор турнирот во Келн.

Со тоа, „вардарецот“ го доби признанието за најдобар голман што лани му припаѓаше на Никлас Ландин од Кил.

Воедно, беше избрана и најдобра сала според атмосферата што се создава, при што на врвот се најде „Веспрем арена“, пред „Шпаркасен арена“ во Кил и „Јане Сандански“ во Скопје.

ДРИМ-ТИМ НА ЛШ ЗА СЕЗОНАТА 2016/2017:

ГОЛМАН: 15 гласа – Арпад Штербик (Вардар)ЛЕВО КРИЛО: 18 – Уве Генсхајмер (ПСЖ)ЛЕВ БЕК: 12 – Микел Хансен (ПСЖ)СРЕДЕН БЕК: 12 – Никола Карабатиќ (ПСЖ)ДЕСЕН БЕК: 8 – Ласло НаѓДЕСНО КРИЛО: 7 – Лук Абало (ПСЖ)ПИВОТ: Јулен Агинагалде (Кјелце)ТРЕНЕР: 20 – Раул Гонзалез (Вардар)

Се вчитува...