Тренерот Бубања си замина од Победа

Македонскиот прволигаш Победа ќе бара нов тренер со кој ќе се бори за опстанок во елитата до крајот на сезоната во Првата лига. Од денеска црногорскиот стратег Славољуб Бубања веќе не е тренер на прилепскиот тим.

Победа не успеа да оствари ниту еден триумф во пролетниот дел од првенството и се наоѓа во опасната зона на табелата. Тоа е плод и на големиот број промени во играчкиот кадар оваа зима, но секако данокот прв го плаќа тренерот. Раководството на клубот е во потрага по нов шеф на стручниот штаб.

Победа по 23 одиграни кола се наоѓа на осмата позиција на табелата со 22 бода, еден повеќе од Пелистер, кој е на место кое води во второлигашка конкуренција.

Се вчитува...