Тренерот на Лас Палмас си поднесе оставка по само три месеци

Тренерот на Лас Палмас, Маноло Маркес поднесе оставка по само три месеци откако го превзеде кормилото на шпанскиот прволигаш. Два дена по поразот на домашен терен од Леганес со резултат од 2-0, кој воедно беше и четврти по само шест кола на почетокот од сезоната, Маркес одлучи да отстапи од тренерската позиција.

Хуан Карлос Валерон и Франциско Ортиз ќе бидат задолжени за задачите на првиот тим, додека раководството не најде соодветна замена на Маркес.

Лас Палмас по шест одиграни кола во Ла Лига се наоѓа на 15. место со две победи и четири порази, на кои постигна пет, а прими 10 гола во својата мрежа. Во следното коло Лас Палмас го очекува пеколно тешко гостување на „Камп ноу“ против лидерот Барселона.

Се вчитува...