Tренерот на ПСЖ остана без договор…

Тренерот на ПСЖ, Унаи Емери, остана без договорот со парискиот клуб, без дресовите од Нејмар, но и без скапоцените чевли по грабежот во неговиот стан во Париз. Додека Шпанецот го предводеше ПСЖ на меч во Стразбур (2-4), маскирани крадци влегле во неговиот стан во Париз.

Емери живее на седми кат и во станот немал заштитна врата. Иако во зградата постои видеонадзор, крадците успеале да влезат во станот и да соберат се што им изгледало вредно. Го украле неговиот договор со ПСЖ и документи за скаутинг и трансфер проекти, два дреса од Нејмар, неколку скапоцени часовници, куфер „Шанел“ и чевлите на Емери.

Штетата е проценета на 20.000 евра, а грабежот во полиција го пријавила сопругата на Емери која не била во станот за време на грабежот.

Се вчитува...