Треневски: Добро стартувавме, одиме понатаму…

Работнички успешно го стартуваше пролетниот дел од сезоната во Првата лига, со триумф на гости (0-3) против Македонија ЃП. Тренерот Виктор Треневски е задоволен од настапот на „романтичарите“ и од изданието што го прикажаа новите засилувања, Ванче Шиков, Иван Вуковиќ, Бенјамин Демир…

„Задоволни сме од пролетниот старт. Остваривме сигурен триумф над Македонија ЃП, иако тоа не е нималку наивен тим. Напротив, поседуваат млада, полетна екипа која посебно пред домашните гледачи игра квалитетно. Но, ние на време го отвориме резултатот, потоа продолживме да играме според зацртаниот план и на крајот остваривме заслужен триумф. Новите засилувања одлично се вклопуваат во тимот, иако се уште на физички план не се најдобро подготвени. Но, тоа се искусни фудбалери кои секако го подигнаа квалитетот на екипата. Сега не очекуваме дуел со Шкупи, ново гостување против екипа која исто така е многу цврста на домашен терен. Ќе се подготвиме добро и одиме понатаму…во нови победи“, изјави Виктор Треневски за официјалниот сајт на клубот.

Фото: www.fkrabotnicki.com

Се вчитува...