Тренингот во Скопје, мислите во Хрватска (фотогалерија)

Македонските ракометари по вчерашниот слободен ден и прославата на Божиќ, денеска продолжија со тренинзи, во последна фаза од подготовките за ЕП 2018 во Хрватска.

Атмосферата е на највиоко ниво по победата во Белград над Србија, но и очигледно е дека ракометарите не летаат во облаци, туку остануваат цврсто на земја, свесни дека главните предизвици допрва претстојат. Со мислите веќе се кон Хрватска и премиерниот дуел со Словенија, кој со победа може да значи и отпочнување на нова ракометна „бајка“ на „црвено-жолтите“.

Проблемите на противниците не се наша работа, она што ние мораме да го направиме е да играме 100% на секој меч“ – порачуваат сите ракометари, свесни дека само со максимално залагање може да се стигне до успех на ова ЕП.

[RoyalSlider Error] Incorrect RoyalSlider ID in shortcode or problem with query.

Се вчитува...