Три гола на Миркуловски во победата на Вецлар - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
16/01/2017 12:10
Ракомет
16/01/2017 13:01
Ракомет
16/01/2017 9:51
Ракомет
15/01/2017 23:03

Три гола на Миркуловски во победата на Вецлар

Три гола на Миркуловски во победата на Вецлар

Филип Миркуловски со тимот на Вецлар на домашен терен славеше против Штутгарт со  33-25, во натпреварот од 15.коло во Бундеслигата.Македонскиот бек постигна три гола од четири обиди во победата на Вецлар. Најефикасен во домашниот состав беше Филип Вебер со 11 погодоци.

За Вецлар ова е осма победа сезонава во Бундеслигата и моментно е на седмата позиција со 16 бода.

Победа славеше и Рајн Некар Левен на гостувањето против Балинген со 28-33. Дејан Манасков и на овој натпревар остана на клупата, а ветеранот Гудјон Валур Сигурдсон одигра уште една ефикасна партија постигнувајќи  осум гола. Рајн Некар Левен со 14 победи од 15 натпревари е на второто место на табелата со 28 бода исто колку што има и водечкиот Фленсбург.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.