Три гола на Талески во победата на Рајн Некар Левен

Рајн Некар Левен на домашен терен во САП Арена славеше убедлива победа против Балинген со 33-23 во натпреварот од 29.коло во Бундес лигата. Со овој триумф, актуелниот шампион се врати на лидерската позиција на табелата со 53 бода, еден повеќе од второпласираниот Фленсбург кој има и натпревар помалку, и останува во борбата за одбрана на титулата.

Филип Талески добро ја искроисти шансата што ја доби од тренерот Николај Јакобсен и мечот го заврши со три гола од четири обиди. Токму македонскиот репрезентативец го постигна и последниот погодок за Рајн Некар Левен за конечните 33-23.

Во ова коло од Бундеслигата, Филип Миркуловски со Вецлар одигра нерешено (18-18) на гостувањето кај Бергишер во чиј состав е Ацо Јоноски. Во мечот со невообичаено малку голови, Миркуловски беше стрелец на два гола од три обиди.

Вецлар е на 6.место на табелата со 37 бода и се бори за место во европските купови, а Балинген е во опасната зона за испаѓање од најсилната германска лига, на претпоследното 17.место на табелата со 17 бода.

Се вчитува...