Тричко ‘сервираше’ две, од вкупно пет „парчиња“ во мрежата на Нурединовски… (ВИДЕО)

Иван Тричковски и Даниел Мојсов со својот АЕК Ларнака славеа убедливо со 0-5 на гостувањето против Арис на чиј гол е македонскиот чувар на мрежата, Едо Нурединовски.

Од петте „парчиња“ во мрежата на Нурединовски две сервираше Иван Тричковски, на тој начин стигнувајќи во петтиот натпревар сезонава и до петтиот свој гол во кипарскиот шампионат. Тричковски најпрво го совлада Нурединовски во 29. минута за 0-2, а потоа и од пенал во 42. минута за 0-4 пред полувремето.

По оваа победа, АЕК Ларнака по седум кола со 13 бода е на втората позиција на табелата, додека Арис и Нурединовски ги чека тешка задача за опстанок, останувајќи со три бода на претпоследната позиција.

Се вчитува...