Тричковски ја урна Омонија (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски продолжува со голгетерската низа на Кипар. Тој беше стрелец на погодок во денешниот триумф (1-3) на гости против Омонија.

Популарниот Тричко ја отвори серијата голови во 26.минута, а АЕЛ Ларнака на полувреме имаше водство од 1-2. До крајот тимот на Тричковски и на Мојсов уште еднаш ја затресе мрежата за конечни 1-3.

Од утре Иван Тричковски му се става на располагање на селекторот Игор Ангеловски на собирот во Анталија, во пресрет на пријателските натпревари против Финска (23.март) и против Азербејџан (27.март) во турскиот туристички центар.

Се вчитува...