Тричковски: Норвешка игра со поинаков стил, но ние треба да го наметнеме нашиот - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/11/2017 17:32
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42

Тричковски: Норвешка игра со поинаков стил, но ние треба да го наметнеме нашиот

Тричковски: Норвешка игра со поинаков стил, но ние треба да го наметнеме нашиот

Македонскиот фудбалски тим утревечер (18.30 часот) на арената „Филип Втори“ игра против Норвешка за заокружување на активностите во 2017 година. Мечот е пријателски, но како што вели напаѓачот Иван Тричковски, за нашите репрезентативци има идентична важност, и желбата е да се оствари позитивен резултат.

„Не очекува пријателски натпревар ос Норвешка, но за нас има идентична важност како и претходните во квалификациите, и сакаме да се претставиме во најдобро издание. Сите мора да бидеме максимално подготвени, јас сум тука и ја чекам својата шанса, а селекторот е тој што одлучи кој ќе настапи“, вели Иван Тричковски, по најавите дека тој треба да биде стартер во нападот, заедно со капитенот Горан Пандев.

Норвешка игра поинаков фудбал, негува островски стил, но популарниот Тричко вели дека Македонија треба да го наметне својот стил на утрешниот меч.

„Норвежаните имаат малку поинаков стил, играат фудбал со многу воздушни дуели, но ние треба да го наметнеме нашиот стил и да одиграме најдобро што можеме. Верувам дека имаме сили да оствариме позитивен резултат“, истакнува Тричковски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.