Тричковски стрела, АЕК Ларнака победува (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски продолжува со одлични игри во дресот на АЕК Ларнака. Нашиот репрезентативец беше стрелец на вториот гол за својот тим во триумфот од 2-0 над Неа Саламис.

Тричковски одлично се снајде по еден контранапад на својот тим во 73.минута, излезе сам пред противничкиот голман и рутински го матираше.

Се вчитува...