Трифун ги собра легендарните „кометалки“: 15 години - шампионски емоции (ФОТОГАЛЕРИЈА) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
28/05/2017 20:29
Фудбал
28/05/2017 18:29
Ракомет
28/05/2017 14:54
Ракомет
28/05/2017 11:41

Трифун ги собра легендарните „кометалки“: 15 години – шампионски емоции (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Трифун ги собра легендарните „кометалки“: 15 години – шампионски емоции (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Минати 15 години, а сосема еднаков набој на емоции кога ќе се спомне досега единствената македонска екипна европска титула во историјата – ракометната шампионска круна на Кометал ЃП.

На 19. мај, за македонскиот спортски вљубеник хит на денот е „Кометал шампионе“. Победата на „кометалки“ против Ференцварош ,„шраубата“ на Индира Кастартовиќ, цепелинот на Андријана Будимир за оние конечни 26-22 на семафорот, делириумот во „Кале“, прославата на скопскиот плоштад…, се моментите што се паметат и ден денес. Мигови кои и во моментов се спомнуваат во ресторанот „Ден и ноќ“ во Скопје каде македонскиот спортски мецена Трифун Костовски, творецот на легендарните „кометалки“ ги собра шампионките на одбележување на јубилејот „15 години – европска круна“!

Шампионскиот тим повторно се собра, благодарение на Трифун Костовски во Скопје. Покрај Индира Кастрaтовиќ, Гордана Нацева, Милева Велкова, Анжела Платон, Наталија Тодоровска, Мими Чупиќ, Андријана Будимир, Елена Златановска…, за јубилејот пристигнаа и Лариса Кисељева, Луминица Дину, Ања Андрушенко…. Се разбира тука се и претседателот во тоа време на Кометал ЃП, Бојков, како и тренерот Владимир Радиќ. Прославата на „кометалки“ им ја збогати и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.

Сето тоа за нова ноќ низ која ќе се делат спомени, емоции, радости…

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.