Триумф на Хамилтон, самоуништување на Ферари во Сингапур

Луис Хамилтон излезе како огромен победник од трката за ГН на Сингапур, која не се извозе до крај, туку согласно правилата во предвид се зедоа резултатите по два часа тркање (максимална граница за една трка во Формула 1 шампионатот) Триумфот на Хамилтон е уште поголем ако се знае дека неговиот главен ривал за титулата, Себастијан Фетел, не освои ниту еден бод.

Фетел доживеа вистинско фијаско откако тргнувајќи од пол-позицијата, уште пред првиот свиок беше удрен од тимскиот колега Кими Раиконен, во „самоуништувачката трка“. При овој хаос на стартот настрада и Ферстапен, па така Хамилтон „ни крив ни должен“ по само десетина секунди излезе на чело на колоната, иако ја стартуваше трката како петтопласиран. Искусниот британски возач знаеше како да го искористи тоа, па иако на моменти беше загрозуван од страна на Рикиардо тој го издржа притисокот од Австралиецот и ја заврши трката како победник, 60. триумф за него во кариерата, за предност од 28 бода во однос на Фетел во генералниот пласман.

Рикиардо на крајот мораше да се задоволи со втората позиција, додека третпласиран трката ја заврши Валтери Борас, пред Саинц, Перез, Палмер, Вандорн, Строл, Грожан и Окон.

Се вчитува...