Триумф на Талески со Рајн Некар Левен за лидерска позиција

Филип Талески со тимот на Рајн Некар Левен славеше победа на гостувањето против Минден со 24-35, во натпреварот од Бундес лигата. Ова е седма победа во серија, вкупно 18 сезонава со која „лавовите“ одново се враќаат на врвот на бундеслигашката табела. Дуелот меѓу Фленсбург и Вецлар за кој настапува Филип Миркуловски, беше одложен поради лошите временски услови.

Избраниците на тренерот Николај Јакобсен, доминираа и беа во предност во текот на целиот натпревар. По првиот дел, Рајн Некар Левен имаше водство од 13-17. Супериорноста на актуелниот бундеслигашки шампион продолжи и во втората половина од натпреаврот во која Рајн Некар Левен ја зголеми позитивата и на крај славеше убедлива победа.

Филип Талески постигна еден гол и имаше значајна улога во одбраната на Рајн Некар Левен. Најефикасен во победничкиот тим беше Гудјон Валур Сигурдсон со 11 гола. Кај Минден прв стрелец беше Рамбо Кристофер со осум гола.

Следен натпревар во  календарот на Рајн Некар Левен е дуелот со Нант во Лигата на шампионите, на 3 март на домашен терен.

Се вчитува...