Трката за ГН на Малезија ќе се вози за последен пат

Оваа година ќе се вози последното изнадние на трката за ГН на Малезија во Формула 1, соошти премиерот на Малезија, Наџиб Разак.

„Организирањето на трка во Формула 1 придонесе нашата држава да стане дестинација за спорт и туризам. Сепак, проценето е дека организацијата на оваа трка веќе не се исплати поради големите трошоци и падот на продажбата на влезници“ – наведува Разак во соопштението до јавноста.

Трките во Формула 1 во Малезија се возат од 1999 година. Малезија заедно со Јапонија тогаш беше единствена земја од Азија која организираше трка во Ф1. Во меѓувреме во календарот на Ф1 се приклучија и Кина, Сингапур, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати.

Најголем конкурент на Малезија е блискиот Сингапур, кој организира ноќна трка како една од најпопуларните во Формула 1 и најпривлечна за публиката.

Секогаш е тажно кога треба да се поздравиме со некој член од семејството на Формула 1“ – изјави Шон Бречис, еден од директорите во Ф1.

Повлекувањето на Малезија доаѓа во времето кога Формула 1 настојува да се прошири во Северна Америка која е примарен пазар за овој спорт.

Се вчитува...