Трофејот од Суперкупот 2017 од 20. март низ градовите во Македонија

Во рамките на промоцијата на УЕФА Суперкупот 2017 кој во август ќе се игра на „Телеком арената“ во Скопје, од Фудбалската федерација на Македонија подготвуваат голема „турнеа“ низ градовите во нашата земја со промотивни активности за еден од најголемите европски клупски натпревари.

super kup trofejТрофејот кој го добива победникот во Суперкупот на УЕФА, согласно предвидената програма за активности на ФФМ, од 20. март ќе патува низ поголемите градови во Македонија како би се донел поблиску до секој фудбалски вљубеник.

Во меѓувреме со засилено темпо, и по последната контрола од УЕФА, течат активностите околу финалната реконструкција на „Телеком арената“ каде треба да се овозможат неопходните услови за организација на Суперкупот.

Се вчитува...