Цар: Федерер си излезе на вечера со трофејот од Вимблдон

Швајцарскиот тениски ас Роџер Федерер го изнесе на вечера трофејот освоен на гранслем турнирот Вимблдон. Тој на пехарот му го даде името „Артур“ и го постави на почесно место на масата каде вечераше.

„Убаво е што Артур е со мене на вечера. Го доби името по Артур Гор, кој го освои Вимблдон во 1908 година“, напиша Федерер на Твитер,

Гор е британски тенисер кој во 1908 и во 1909 година го освојувал Вимблдон со 40, односно 41 година. Можеби Федерер најавува дека ќе игра тенис уште најмалку пет години…

Се вчитува...